УСЛОВИ ЗА ИЗНАЈМУВАЊЕ
Клиентот пред да го подигне возилото, ќе треба да приложи валидна возачка дозвола и патна исправа (пасош) или лична карта ако возилото го користи во границите на Северна Македонија, а возачот или дополнителниот возач мора да поседува валидна возачка дозвола повеќе од две години. Само оние лица кои се наведени во договорот за изнајмување имаат право да управуваат со изнајменото возило. Во спротивно под полна материјална и кривична одговорност го даваат на управување возилото на трето лице кое нема право и дозвола да го управува.
ВОЗРАСТ И УСЛОВИ
Минималната возраст за изнајмување на возило е 21 година и е потребно најмалку 1 година искуство. Во некои прилики можеме да направиме исклучок за возачи под 20 години, но потребен е дополнителен депозит и 15,00 евра дневно ќе се наплаќаат плус. Максимална возраст за изнајмување е 75 години.
ДОПОЛНИТЕЛЕН ВОЗАЧ
Дополнителниот возач мора да ги исполни сите барања за возење и возраст. Дневен надомест за дополнителен возач е 3 евра.
ЦЕНИ
Сите цени се во евра. Минимален период на изнајмување е 72 часа од почетокот на периодот на изнајмување. Ако дневниот период е надминат за повеќе од 1 до 3 часа, ќе се наплаќа за половина ден. Надминување повеќе од 3 часа се наплаќа плус како цел ден.
ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
• Неограничена километража за сите автомобили.
• 24 часа помош на пат.
• 18% ДДВ (данок на додадена вредност)
• Авто одговорност одговорност од трети лица (T.P.L.), според владините прописи.
• Заштита од кражба (T.P.).
• Ослободување од судир и оштетување (C.D.W.), ја покрива одговорноста на наемникот за штетите на изнајменото возилонад 500 евра или во зависност од дополнителна уплата на наемникот на фул каско осигурување со исклучок на:
- во случај на оштетувања на гумите, освен ако не се предизвикани од пожар или несреќа;
-во случај на возење под дејство на алкохол или дрога;
- во случај ако не е презентиран полициски записник во времето на предавање на возилото, ако не е приложен полициски извештај , изнајмувачот ќе биде одговорен за вкупните трошоци за штетата.
• Не зависно од каското со 1000 евра франшиза , во случај на кражба на автомобилот или собраќајна незгода ќе се наплати до 1000евра, или во зависност од дополнителна уплата на наемникот на фул каско осигурување со исклучок
Што не е вклучен во цената:
• Прекугранично осигурување (зелена карта): 30 евра. • Инајмуванје од една точка и враќање на автомобилот на друга дестинација. • Изгубена Картичка за попуст ќе ве чини 30 евра. • Изгубен клуч на автомобилот и документите. Од 500 до 2000 евра. • Дополнително осигурување за да ги покрие повредите на возачите или патниците. • Детско седиште -2 евра на ден.
• GPS навигација - 2 евра дневно.
• Достава до вашата адреса во Скопје 5 EUR од дестинација. За превземанје и достава од друга локација се наплака екстра зависно од далечината на местото.
КАСКО ОСИГРУВАЊЕ СО 1000 ЕВРА ФРАНШИЗА
• Каско осугурување (CDW) со 1000 евра франшиза. (Се наплака максимум до 1000 евра).
• Осигурување од кражба во вредност над 1000€ (Се наплака максимум до 1000 евра).
• Патничко исогурување
ДОПОЛНИТЕЛНИ ОСИГУРУВАЊА
РЕНТ ГО нуди два вида дополнителни осигурување:
• Каско осугурување (CDW) со 500 евра франшиза: цена еднократно: 60 евра
• Каско осугурување (CDW) со нула франшиза: цена еднократно: 120 евра
ПЛАЌАЊЕ
Прифаќаме кредитни картички како што VISA, Eurocard / MasterCard. Готовина – Македонски денари во евра или долари. ДЕПОЗИТ и вкупната сума за изнајмување се наплаќа на почетокот на изнајмувањето.
ДЕПОЗИТОТ
Се остава депозит за изнајмување во готово или гаранција со кредитна картичка за секој автомобил износот е во зависност од возилото.
ПРЕЗЕМАЊЕ И ИСПОРАКА
Скопје главно седиште - бесплатно - во работно време.
Преземање и испорака во другите дестинации во целата земја по разговор со нашиот персонал може да се изврши и се наплаќа дополнително.
ГОРИВО
Изнајмувачот сам го сноси горивото на возилото. Ако возилото биде вратено со помалку гориво отколку кога било подигнато, во тој случај на клиентот му се наплатува дополнување на резервоарот и се стопира депозитот.
ОПРЕМА
За време на зимската сезона , што почнува од 15ти. Ноември до 15ти Март секоја година и во текот на овој период зимските гуми и ланци за снег се бесплатни.
ПОМОШ НА ПАТ
Бесплатно и достапно е 24/7 на територијата на Македонија. Ова вклучува замена на возила во рок од 24 часа и телефонска подршка. Телефонскиот број за помош на патот е +38977411112. Во случај на технички проблем, изнајмивачот најпрво мора да не контактира од горенаведените телефонски броеви и ако техничкиот проблем е мал и автомобилот е во движна состојба, во тој случај клиентот ќе биде замолен да однесе автомобилот во најблискиот механички сервис и после поправката на возилото при враќање на истото му се враќаат сите расходи поврзани со проблемот. Изнајмувачот треба да ни го покаже службениот налог или фактурата за поправката на автомобилот. Ако има голем технички проблем во овој случај, ние во рок од 24 часа ви носиме друго возило и ја превземаме расипаната.
ПЕРИОД ЗА ОТКАЖУВАЊЕ И ПРАВИЛА
Ние како РЕНТ ГО ви нудиме бесплатно откажување 48 часа од денот на изнајмувањето и износот што клиентот го платил се враќа целосно. Доколку клиентот не не извести за откажување пред 48 часа до изнајмување, во тој случај целата сума се префрлуваат на сметката на РЕНТ ГО. На нашата веб-страница кога правите резервација преку Интернет, се нуди автомобил „Модел“ и е наведено „Или слично“. Ова значи дека за време на подигнување на вашето возило, ако немаме од ист модел на автомобил на располаѓање, имаме право да ви понудиме сличен модел на автомобил со избраниот модел или поголем автомобил, но НЕ помал автомобил со избраниот модел. Ако одбиете да прифатите сличен модел на автомобил, парите за изнајмување нема да биде вратени.